,,Достоинство “ го напушти СДСМ, ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ

Достоинство ја напушта владината коалиција поради како што велат  неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители.

Лидерот на партијата, Стојанче Ангелов  информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада.

-Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци, рече Ангелов.

Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања.

Ангелов информираше дека минатата недела раководството на „Достоинство“ донело едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани објави
Total
0
Share