Доктор Илир Демири e нов директор на КБ Тетово 

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот.

Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.

Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против КОВИД 19 од самиот почеток на пандемијата.

Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните.

Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share