Добро е што Универзална сала се запали празна, а не се урна полна, вели ексдиректорот Поповски

Душко Поповски, поранешен директор на Универзална сала во изјава за медиумите рече дека добро е што објектот се запалил празен и што не се урнал. Пред медиумите тој емотивно говереше дека ваков објект не смеел да работи и дека во периодот од 2005 до 2009 година кога бил на раководната функција имало проект за реконструкција и градба на обој објект, но тој не се реализирал.

Видно ме вознемири веста дека гори Универзална сала и веднаш дојдов овде на местото. Овој објект беше на граница на употреблива вредност во периодот додека јас бев директор, односно од 2005 до 2009 година. Ваков објект не смееше да работи. Сличен ваков објект во Бугарија изгоре за 7 минути. Мојот најголем страв беше дека ќе се случи пожар и еве се случи. Овој објект беше синоним за сите луѓе во Македонија и  жалосно е дека толку беше измалтретиран објектот. Уште 2005 година кога стапив на должност имаше проект за реконтрукција и проект за доградба, но тоа не се реализира. Среќа што се запали празен, а не се урна и добро е што нема жртви“, изјави Душко Поповски кој раководеше со Универзална сала од 2005 до 2009.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share