Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, за парламентарните нема доволно пријавени

Најверојатно македонската дијаспора ќе гласа само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници. Ова излегува откако само 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342.

Се обработуваат уште 178, со што станува јасно дека во идниот парламентарен состав ќе нема пратеник од дијаспората бидејќи треба да освои над 5.300 гласови од нашинците.

Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија – 578, потоа во Словенија – 327, во САД – 241, во Швајцарија – 182, во Канада – 122, во Австрија – 116, во Италија – 101, во Австралија – 97, во Белгија – 91. Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.

Поврзани објави
Total
0
Share