Директорот на ЦСР во Радовиш приведен и за напад на полицајци

Во сооптението од МВР на 9 март пишуваше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев, кој е директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, бил приведен во полицијата за недозволена трговија со дрога.

За овие постапки на Филев неколку пати реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи. Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ?
Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема“, се вели во последната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на овие инциденти предизвикани од Филев.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share