Димтриевски во Кичево: Да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски

Никогаш нема да се согласам со уставни измени кои го редефинираат изборот на претседателот со избор во Парламентот, а не од страна на граѓаните, порача денеска од Кичево претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски.Димитриевски рече и дека ако стане претседател, ќе стави крај на монолитното веење знамиња низ целата држава. Земјата, потсети, има државно знаме, а мора и да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите.Според него, треба да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски.

Поврзани објави
Total
0
Share