Димитриевски: На Македонија и е потребно национално, македонско обединување по примерот на Албанците

ЗНАМ очекува уште поголема поддршка на парламентарните избори од страна на граѓаните и ја доживувам како трета политичка сила“, посочи претседателот на Движењето „За наша Македонија“, Максим Димитриевски.

Мојата политика, заедно со мојот тим, рече Димитриевски, ќе ја градам врз база на принципи и доколку Македонија е во ситуација во која треба да се обезбеди стабилност, тогаш партиските интереси ќе бидат во втор план, а националните и државните интереси во прв план.

На Македонија и е повеќе од потребно национално, македонско обединување по примерот на Албанците, рече Димитриевски.

Поврзани објави
Total
0
Share