ДИК: 55,10% е излезеноста на гласачите до 18.30 часот

Излезноста до 18 и 30 часот е најголема на место 1194 во Крушево каде гласале 69,30% избирачи, односно 469 лица.

Вкупната излезност во седумте избирачки места во ИЕ5 и ИЕ6 каде се прегласува денеска до 18 и 30 часот изнесувала 55,10%, се вели во информациите на сајтот на Државната изборна комисија. Гласале 2.487 избирачи од запишани 4.514 на списокот. Излезноста до 18 и 30 часот е најголема на место 1194 во Крушево каде гласале 69,30% избирачи, односно 469 лица.Следно по излезност е гласачкото место 1844 во Струга каде гласале 62,68% од регистрираните избирачи, односно 753 лица.

Поврзани објави
Total
0
Share