ДИК усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ, прегласување ќе има во Охрид и Крушево

Државната изборна комисија на денешната седница го прифати приговорот во врска со парламентарните избори на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за три избирачки места. Прегласување ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево.Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.Против приговорот гласаше само потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.Претходно ДИК прифати еден приговор на коалицијата „Вреди“ кој се однесува на гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот за отпечаток од прст, туку тие гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.

Поврзани објави
Total
0
Share