ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

ДИК ги објави резултатите по обработени 99% од гласачките ливчиња во Македонија, во првиот круг од претседателските избори.

Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски висока, над 182 илјади гласови повеќе во однос на својот противкандидат.

Силјановска-Давкова има 362.682 гласови, Пендаровски има 180.296.

Од останатите кандидати на третата позиција е Бујар Османи со 120.903 глас, Арбен Таравари 83.356, Максим Димитриевски 83.787, Билјана Ванковска освои 41.172 и Стевчо Јакимовски со 8.103 глас.

За претседател на државата гласале 48,46 проценти од гласачите или 7 отсто повеќе од изборите во 2019 година.

За избор на седмиот претседател на државата, според податоците на ДИК до затворањето на гласачките места, од вкупно 1.814.317 запишани избирачи, гласале речиси 900 илјади граѓани.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share