ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори.Во вториот круг на 8 мај одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со 180.500 гласови. Обработени се гласовите од 3505 од 3508 гласачки места.На 3 места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува.

Поврзани објави
Total
0
Share