ДИК :Излезеноста до 11 часот на седумте избирачки места е 16,46 отсто

Од вкупно запишаните 4 514 гласачи на седумте избирачки места, од кои шест во петтата и едно во шестата изборна единица на кои денеска има прегласување за парламентарните избори до 11 часот, според Државната изборна комисија (ДИК), гласале 743 избирачи, односно излезеноста по четири часа гласање е 16,46 отсто.

Според податоците на ДИК, до 11 часот најголема е излезеноста на на избирачкото место 1272 во Охрид каде гласале 156 избирачи или 21,94 отсто, а по него е избирачкото место 2101 во тетовско Желено, во шестата изборна единица, каде своето право на глас по пресeкот во 11 часот, го искористиле 20,64 отсто од избирачите.

Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20,64 отсто.

Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 отсто.

Во избирачкото место 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 отсто

Во избирачкото место 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 отсто.

Во избирачкото место 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 отсто.

Во избирачкото место 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91 отсто.

Во избирачкото место 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 отсто“,се наведува во соопштението од ДИК.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share