ДИК го одби приговорот за избирачкото место во Ларце, „Европски фронт“ ќе поднесе тужба до Управен суд

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.Овластениот претставник на „Европски фронт“, адвокат Ана Жаревска од канцеларијата на адвокат Мефаил Арслани истакна дека приговорот се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите.-Приговорот за заштита на избирачко право на подносители на листи од страна на коалицијата Европски фронт се однесува за избирачкото место 2101 за општина Желино. Се однесува на повреди на постапката за гласање, како и за постапката за утврдување и сумирање на резултатите, поточно не се почитувани одредбите од член 151 став 1 алинеја 1, 2, 6 и 7 од Изборниот законик. Образложенијата во поглед на повредите се дадени во самиот писмен приговор. Поради сите наведени причини предлагам ДИК да го отвори во целост и да го прегледа изборниот материјал и да го уважи приговорот и да го поништи гласањето, рече Жаревска.По ова излагање на Жаревска, во процедурална забелешка членот на ДИК, Борис Кондарко побара застапникот на приговорот да ги образложи основите и причините за приговорот.Жаревска потенцира дека во самиот процес на гласање се направени повеќе повреди, односно Избирачкиот одбор не постапувал согласно правилата утврдени во Изборниот законик.

Прво и основно, постапувал спротивно на член 40 став 2 точка 2, бидејќи на двајца гласачи без да бараат помош за да гласаат им дозволил на други лица да им кажуваат кој број ќе го заокружуваат и воедно не го почитувал задолжението на ДИК од упатството дека во текот на гласањето во целиот процес треба да присуствуваат седум членови на избирачкиот одбор. Тоа претставува повреда по став 1 алинеја 1 алинеја 2 и алинеја 7 од Изборниот законик. Во околу 18:50 часот на денот на гласањето, односно на 22 мај , во просториите на гласачкото место дошле двајца возрасни гласачи со друго лице и без да бараат помош лицето ги земал нивните гласачки ливчиња и гласал наместо нив, со што е повредена правилото за непосредност на остварување на избирачкото право. При тоа, покрај повредите во процесот на гласањето имало повреди во процесот на утврдување и сумирање на гласовите. Во записникот на образец број 16 се пополнети податоци дека се искористени 550 гласачки ливчиња , односно 550 граѓани го оствариле правото на глас. Додека, во сумираниот збир во точките 3, 10, 11, 12, 13 фигурираат 565 гласачи кои го оствариле правото на глас по различни основи. Во тоа се состојат и повредите на начин што е спротивно на член 151 став 1 алинеја 6 каде што бројот на гласачки ливчиња е различен од бројот на гласачи кои го оствариле правото на глас, рече Жаревска.За тие основи на приговорот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека до нив во текот на целиот изборен ден не биле пријавени неправилности.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share