ДИК ги потврди конечните резултати за мандати во законодавниот дом

Завршија единаесетите парламентарни избори во Македонија, официјално заклучен новиот пратенички состав.

Државната изборна комисија го донесе заклучокот за тоа кој се влегува во собраниските фотелии, откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. 

Со претходното прегласување, Европскиот фронт загуби еден пратеник, кој го доби Вреди, со што се изедначија по бројот на освоени пратенички мандати и добија по 8 пратеници во Изборната Единица шест.

Наместо заменик министерката за надворешни Фатмире Исаки од коалициската ДПА на Европскиот фронт, во пратеничкото столче ќе седне Имрлије Салиу-Фетаи од Вреди, која до пред две години работеше во кабинетот на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. 

Од Државната изборна комисија соопштија на пресот дека деветиот кандидат од листата на коалицијата Влен Аднан Азизи од Влен ќе биде пратеник на место лидерот на БЕСА, Биљал Касами кој е дел од коалицијата „Вреди“ кој што се откажа од пратеничкиот мандат и останува прв човек на Тетово.

Поврзани објави
Total
0
Share