ДИК:Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка, а можат да одржат само еден јавен настан

22.03.2024 13:07

Описот ги содржи сите стручно- технички детали во однос на избирачките места и истиот ќе биде јавно достапен на веб страната на Државната изборна комисија за да можат граѓаните во секое време да се информираат за избирачките места кадешто ќе може да го остварат правото на глас. Покрај тоа, Комисијата ги разгледа и Предлог програмата за задолжителна едукација на изборните органи, Предлог програмата за едукација на граѓани и Предлог програмата за едукација на други чинители во изборите. Програмите се детален приказ на процесот на едукација на сите чинители вклучени во изборниот процес, што ја спроведува Државната изборна комисија“, велат од ДИК.Сите предлог програми имаат за цел да придонесат за поголема професионализација на изборните органи, унификација и воедначена примена на изборниот закон, намалување на можноста од ненамерни пропусти што ќе ја подобри сликата на организација на изборниот процес.„Исто така целта за едукација на другите чинители вклучени во изборниот процес кои ги вклучуваат и политичките партии, медиумите и граѓанските организации, е потребата од правилно и прецизно информирање за изборните процеси за да се избегне можноста од пласирање на дезинформации. Со ова се очекува да се подигне довербата и кредибилноста во изборниот процес. Трите предлог програми беа едногласно усвоени од страна на комисијата и истите ќе бидат достапни на веб страната на државната изборна комисија“, додаваат тие.

Поврзани објави
Total
0
Share