Демант до здружението „Карате унија на албанците на Северна Македонија“


Во врска со дадената објава на здружението „Карате унија на албанците во Северна Македонија“ за неодобрување на одржување на таканареченото сеалбанско првенство на ден 26.11.2023 година го објавувамe следниот демант укажувајќи дека во целост се изнесени невистини и погрешни толкувања и тоа:

• Пред се „Карате унијата на албанците во Северна Македонија“ не е членка на Карате федерацијата на РС Македонија а имајќи го во предвид членот 11 точка 2 од Статутот на Карате федерацијата на РС Македонија стои дека Федерацијата: врши координирање и усогласување на програмските активности на членовите на Федерацијата, а имајќи во предвид дека имателот не е членка на Федерацијата истата воопшто нема никаква законска обврска да даде поддршка на барателот во реализација на ова првенство:


• Исто така напоменуваме дека првенството воопшто не е пријавено во КФРСМ и не е изгласано и одобрено во годишниот план на Годишното Собрание како што е во согласно со нормативно-правните акти на Федерацијата. Од друга страна пак, доколку барателот беше членка на КФРСМ дополнително ќе мораше да ги исполни условите од членот 5 од Правилникот за организација на натпреварите. Бидејќи овој натпревар воопшто не бил пријавен во годишниот календар истиот и по тој основ не може да се одобри од страна на Федерацијата;

• Напред наведеното особено му е познато на претседателот на „Карате унијата на албанците во Северна Македонија“, господинот Алим Хајредини бидејќи истиот беше десетина години член на Извршниот одбор на КФРСМ а во последниот негов мандат и потпретседател на Федерацијата и истиот учествуваше во создавањето на сите правилници, деловници, одлуки и други правни акти донесени во Федерацијата каде едногласно и тој учестувал во донесувањето на истите. Од таму е сосема нејасно од кои причини истиот организира првенство на 26.11.2023 година кога лично знае дека е во спротивност со сите нормативни акти на Федерацијата:


• Исто така претседателот на тоа здружение г-динот Алим Хајредини, лично знае дека натпреварите не смеат да бидат организирини од субјекти кои не се членови на Светската карате федерација – (WKF) и се надвор од програмските активности на КФРСМ:


• Целосно се неосновани наводите за противалбанско одобрување на натпревари, укажано од страна на „Карате унијата на Северна Македонија“ бидејќи Федерацијата никогаш не постапувала и ниту пак одлучувала по национална основа. Напротив секоја година на барањето на КК „Дрини“ од Струга чиј претседател е господинот Алим Хајредини истото му се одобрувало и успешно се реализирал клубскиот турнир „Струга Опен“, каде повеќето натпреварувачи се од албанска националнот. Заради тоа укажувањата се целосно неосновани и се со единствена намера да се направи неосновано и тенденциозно нарушување на долгогодишната работа и успешна соработка помеѓу клубовите со различна националност на територија на цела Македонија.


• Загрижувачки е и фактот што господинот Алим Хајредини сака да предизвика етничка нетрпеливост во Карате федерацијата на РС Македонија, сега кога истиот повеќе не е потпретседател и член на Извршниот одбор, и е нејасно од кои побуди се искажани таквите невистини за КФРСМ. Напоменуваме дека сите овие години додека господинот Алим Хајредини беше потпреседател и член на извршниот одбор на КФРСМ, ниеднаш не превзеде иницијатива за организирање на ваков турнир, ниту во негово име, ниту пак во име на Унијата која тој ја претставува:


• Од сето напред наведено јасно се гледа дека „Карате унијатa на албанците во Северна Македонија“ не е членка на Карате федерацијата на РС Македонија, не достави доказ дека поседува Решение за вршење дејност спорт, не доставила барање за организирање на турнир пред почетокот на оваа година, настанот не е вклучен и одобрен во Календарот на натпревари на КФРСМ односно, здружението не е членка на Светската карате федерација (WKF) и во целост не е во согласност со Статутот, правилниците и другите правни акти на Карате федерацијата на РС Македонија и единствено од тие причини е во целост одбиено” – се вели во демантот. /КланМакедонија/

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share