Една жена е убиена, утрово во градот Пеќ во Косово, а за убиството се сомничи нејзиниот сопруг, по дојавата од медиумите. Осомничениот е уапсен веднаш по извршеното дело, а потоа истиот се предал на полицијата.
Портпаролот на Основното обвинителство во Косово, Шкодран Никчи, информираше дека убиството се случило со огнено оружје.
Во изјавата за медиумите портпаролот додаде: ,,Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи, а осомничениот е уапсен.”
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.