Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел” е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Поврзани објави
Total
0
Share