Двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа на мотор и автомобил на Партизанска

Мотоцикл со големи оштетувања и автомобил со целосно уништен преден дел и моторот на булеварот Партизански одреди во Карпош 4 додека полицијата врши увид по тешката сообраќајна несреќа во Скопје која се случи попладнево.

Повреден е мотоциклистот кој се судрил со автомобилот, а во болница е однесен и возачот на автомобилот Тојота.

Булеварската лента во правец од Сити Мол кон Ѓорче Петро беше затворена по несреќата во која има и повредени.

Парчиња од двете возила се распрскани по коловозот. Од силата на сударот, автомобилот е свртен во спротивен правец од правецот на движењето на лентата каде се случил сударот.

Поврзани објави
Total
0
Share