Даштевски: Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности

Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, а започнато е на сите избирачки места, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.-Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402.748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15.487 односно 3,85 отсто од гласачите, нагласи Даштевски.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка. На неколку места биле пријавени технички проблеми, за кои претседателот на ДИК објасни дека се решаваат во од.Гласањето се одвива на 1480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Поврзани објави

Скендер Реџепи Зејди: За прв пат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се здружуваат да одбранат антиалбански и националистички политички концепт

Скендер Реџеп Зејди од „Европски фронт“ во емисијата КЛАН дебата, ја осуди соработката на двете главни политички партии…
Повеќе
Total
0
Share