Данската премиерка Фредериксен нападната во центарот на Копенхаген, напаѓачот уапсен

Данската премиерка Мете Фредериксен беше нападната во петокот во центарот на Копенхаген и немаше видливи надворешни знаци на повреда во нападот, изјави очевидец за Reuters.„Премиерката Мете Фредериксен беше удрена во петокот вечерта на плоштадот Култорвету во Копенхаген од маж кој потоа беше уапсен. Премиероката е шокирана од инцидентот“, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет без дополнителни детали.

Полицијата на платформата на социјалните мрежи Х објави дека уапсила маж и го истражува инцидентот, но одби да даде дополнителни детали.

„Изгледаше малку под стрес“, изјави за Reuters Сорен Кјергард, очевидец кој работи во бар на плоштадот, откако видел како обезбедувањето ја одведува премиерката по нападот.Нападот се случи два дена пред Данците да излезат на гласање на изборите за Европскиот парламент.

Изминатата седмица во Германија се случија два напада со нож врз политичари со крајно десна ориенатација, а пред три седмици во атентат беше тешко ранет словачкиот премиер Роберт Фицо.Данскиот министер за животна средина Магнус Хеунике изјави на X: „Мете е, природно, шокирана од нападот. Морам да кажам дека нападот нѐ потресе сите нас кои сме блиски до неа“.

Поврзани објави
Total
0
Share