Дали Oрце Kамчев го загрозува и Xристијан Mицкоски?

БИЗНИСМЕНОТ НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ ГИ ПЛАТИЛ СМЕТКИТЕ НА ВМРО, ПАРТИЈАТА НЕ ГИ ПРИЈАВИЛА

Шефот на опозицијата Христијан Мицкоски бара што поскоро да се расчисти врската на првиот вицепремиер Артан Груби, со фирмата сопственик на опожарениот автомобил пред неговиот стан.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ

“Се покажа дека автомобилот не е сопственост на споменатото лице, туку е сопственост на едно друго правно лице кое во минатото било поврзано со други деловни активности. Апелирам до органите детално го истражат овој случај. Секако дека сторителите треба да се фатат, но и поврзаноста на споменатото лице со фирмата што е сопственик на колата очекувам во најбрз можен рок да се испита и да се расчисти пред јавноста.“

Прашан за неговата поврзаност со Орце Камчев, лицето кое беше ставено на црната листа на САД, тој не сакаше да даде детален одговор.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ

-Минатата недела актуелна тема беше и темата со Орце Камчев. Тој беше ставен на црната листа. Ваш коментар, дали оваа одлука е правилна и дали мислите дека и вие сте изложени на ризик затоа што во разговор слушнавме дека ви помогнал да ги платите сметките на партијата затоа што сте ја презеле во тешка финансиска состојба?

-Мислам дека клучниот проблем не е личноста што ја спомнавте, ниту градоначалникот на Струга. Ако лицето што го спомнавте е вклучено во такви активности тогаш прашањето е кој е корумпираниот?

-Не се сеќавам дека бил партиски донатор затоа што во ревизорскиот извештај што е јавен, името на ова лице не се наоѓа таму.

Иако Мицкоски негира дека Камчев бил донатор на партијата, аудио прислушувањето објавено пред 3 години го докажува спротивното. Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ самиот вели дека Камчев си ги платил сметките.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ

“Кога ја презедов партијата пред две години, тука немаше струја, кабловската телевизија прекината, немаше ниту вода и некои како него беа меѓу ретките кои ми помогнаа и ова ми е од голема вредност. Мене ме фотографираа како влегувам кај него кога го следеа Орце. Кога беше под посебни мерки го фотографираа кога влегол кај нас.“

Според одговорот на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Орце Камчев е бугарски државјанин бидејќи и законот за финансирање на политичките партии му забранува да биде донатор кај нас.

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

“ЧЛЕН 20 – Политичките партии не можат да се финансираат од Владата, меѓународните институции, тела и организации на странски држави и други странски лица. Законот прецизно ја дефинира и сумата што едно лице може да ја донира на политичка партија.“

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

“Вкупниот износ на донацијата не може да го надмине износот од 60 нето просечни плати доколку донацијата е од правно лице и 30 просечни нето плати доколку донацијата е од физичко лице. Оваа сума не може да се акумулира повеќе од еднаш годишно. Доколку износот е надминат, партијата нема право на користење на средствата и е должна веднаш во рок од 15 дена разликата од дозволената сума да му ја врати на донаторот.“

ВМРО ДПМНЕ е партијата која секој ден одржува најмалку две прес конференции, а во врска со случајот Орце Камчев не кажаа ниту збор./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share