Давкова за митингот пред ЕУ Инфо центар: Дали е тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка?

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова вечерва од митингот во скопски Аеродром го искоментира и денешниот митинг на СДСМ пред ЕУ инфо центарот.„Денеска чув дека одржале митинг пред Европската комисија, зградата, веројатно не случајно, се прашувам дали е можеби тоа протест против европската политика или можеби молат да останат на власт со нивна поддршка заборавајќи дека нам сертификати не може да ни даваат, сиот респект кон ЕУ, НАТО и САД, но онаа чудна Бујарова идеја денеска го прашав ‘да не имате вие намера, за претседател се кандидирате или се кандидирате за генерален секретар на НАТO?’ Сертификатот ние го бараме од граѓаните и ќе го добиеме од нив, ама за вас не сум сигурна.“, вели Давкова.

Поврзани објави
Total
0
Share