Грчката полиција трага по егзекуторите на Орхан Бајрами – Оки

Полицајци кои сакалe да останат анонимни, за Асошиетед прес изјавиле дека веруваат оти станува збор за нарачано убиство
Грчката полицијата трага по две лица кои вчера го ликвидираа неформалниот водач на криминалната група „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки, во Сани Вилас, Ханиоти.

Полицајци кои сакалe да останат анонимни, бидејќи не сe овластени да зборуваат официјално за случајот, за Асошиетед прес изјавиле дека веруваат оти станува збор за нарачано убиство.

Досега е познато дека две маскирани лица на мотор, вчера околу 3.30 часот утрото, се приближиле до вилата во Ханиоти, што Оки ја изнајмувал заедно со пријателите и испукале најмалку 19 куршуми, при што Оки е убиен, а со повреди е хоспитализиран еден од неговите пријатели – 45 годишниот пријател Сеад Слезовиќ.

Жртвата Орхан Бајрами-Оки е претставен како сопственик на казино, вклучен и во бизниси со трговија на пијалаци. Домнашните медиуми јавијаа дека тој е неформален водач на криминалната група „Дуќанџик“.

Вчера и Министерството за надворешни работи извести дека амбасадата во Атина стапила во контакт со надлежните грчки институции и со полицијата во Солун, од каде што потврдиле дека во Сани Вилас, Ханиоти, две маскирани лица пукале врз двајца државјани на Северна Македонија.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share