Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.Информацијата што подоцна беше потврдена, прв ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.„Грчката амбасадорка Филипиду, демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова“, напиша Милошоски.
Поврзани објави
Николоски од Белград: Една од главните заложби на Владата и моја е изградба на брза пруга Скопје-Солун
Подобрување на инфраструктурата, особено во делот на Коридорот 10, е една од темите на кои ќе зборуваат со…
04.09.24 16:18
Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор
Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти…
04.09.24 16:14
50 % роденденски попуст за 5 години А1
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на…
04.09.24 16:12