Грција со јавна реакција во Скопје побара Македонија да го почитува договорот од Преспа

Грција диретно денеска во Скопје побара од идната влада да го почитува Договорот од Преспа. Заменик амбасадорката на Грција во земјава, Георгина Андреади, на настан посветен на европската интеграција на земјава на кој говореа претседателката на државата, но и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, СДСМ, ДУИ, но и амбасадорите на Германија и Словачка, зеде збор и потсети дека договорот од Преспа е меѓународен обврзувалки договор за земјава.

Андреади претходно ги ислуша обраќањата на сите учесници кои зборуваа за европската иднина на Македонија и по своето обраќaweе замина.

Таа не почека да го слушне одговорот на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунки на панел дискусијата за органзиаирана од Фондацијата конрад Аденауер и Европското движење, според кого во моментов треба да се внимава со изјавите што се даваат бидејќи во тек се европски избори во Грција.

Поврзани објави
Total
0
Share