Грција инсистира да се почитува рокот до 12 февруари

Договорот од Преспа е меѓународен договор, тој има моќ над сите законски одредби и не може да го менува ниту една страна, изјави шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Антена“, но и во грчкиот парламент.

Според шефот на грчката дипломатија, одредбите од Договорот од Преспа се јасни и официјална Атина ќе инсистира да се почитува рокот до 12 февруари за промена на документите.

ЈОРГОС ГЕРАПЕТРИТИС, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ГРЦИЈА

“Клучниот датум за Македонија е 12 февруари, за да може да се адаптираат јавните документи, особено патните исправи, како и регистарските таблички на возилата. Грција ќе инсистира да се почитуваат обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Што се однесува до Меморандумите за разбирање, разберете дека нивната ратификација во грчкиот парламент зависи од почитувањето на одредбите од Договорот од Преспа. Ние верно ќе го почитуваме овој договор.“

Ова прашање беше актуелизирано откако стана јасно дека кај нас не може навреме да се променат документите со старото име на државата.

Според Договорот од Преспа, рокот од 5 години истекува во февруари, но голем број граѓани се уште не можат да ги земат новите патни исправи.

Решавање на проблемот бара и актуелното раководство на МВР. За личните карти беше предупредено дека ќе важат и по 12 февруари, но се бара решение за пасошите.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, во вторник имаше средба со грчката амбасадорка во Скопје, Софија Филипиду, на која го презентираше проблемот со недостигот на обрасци за пасоши и предложи мерки за решение.

Меѓутоа, на средбата грчката амбасадоркаа категорично изјавила дека договорот стапил на сила на 12 февруари 2019 година и треба да заврши на 12 февруари 2024 година./tvklan.mk

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share