Груби со куфер пред Општина Чаир ја испрати ВРЕДИ и побара оставка од нив

По вчерашниот пораз на ВРЕДИ, министерот за политички систем од редовите на ДУИ, Артан Груби на прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер и на албанската опозиција и порача да ги депонира оставките.

,,Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share