Груби разговарал со Рама: Османи ќе беше во вториот круг доколку не се кандидираше Таравари

Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал за резултатите од претседателските избори во Македонија со Артан Груби од ДУИ, кој му пренел дека Бујар Османи ќе бил во вториот круг доколку не учествувал Арбен Таравари од ВРЕДИ, поддржан од премиерот на Косово, Албин Курти, објави „Kosovo online“, цитирајќи ја косовска „Demoкracia“.

Се додава дека Груби му порачал на Рама дека Османи е трет по бројот на гласови на национално ниво и дека победил во главните центри на Арбен Таравари.

-Османи, доколку не се кандидираше Арбен Таравари и беа обединети гласовите на Албанците, ќе беше во вториот круг за следен претседател на Македонија, му рекол Груби на Рама, објавил косовскиот медиум.

Резултатите од претседателските избори во Македонија ги коментирал и косовскиот аналитичар Ваљон Сила, кој оценил дека премиерот на Косово добил лекција за учество на изборите преку Скопје.

„Ја прими пораката, па оттаму Албин повеќе нема да оди на море во Албанија. Сега Албин ќе оди во Грција да плива, повеќе не го интересира Македонија, повеќе го интересира Бугарија“, оценил Сила.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share