Потпретседателот на Владата за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби го пречека на состанок специјалниот претставник на Република Словенија за Западен Балкан, г-дин Анжеј Франгеш.На средбата се разговараше за актуелните прашања во земјата и регионот, соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.Груби и Франгеш ги поздравија одличните билатерални односи и изразија очекување дека воспоставената активна динамика на соработка ќе продолжи уште повеќе во сите сфери.Заблагодарувајќи му се на специјалниот претставник Франгеш за поддршката што Словенија ја дава на нашиот евроатлантски пат, Груби ја истакна определбата дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде земја посветена на безбедноста преку единство, како и добри односи со соседните земји, европските земји и САД како пријателски земји.Двајцата соговорници разговараа и за претседателските и парламентарните избори и за идната ориентација на земјата, вклучително и за важноста на уставните измени како клучен услов за земјата да напредува во преговорите за членство во Европската унија, за подобра иднина за целиот регион.
Поврзани објави
Николоски од Белград: Една од главните заложби на Владата и моја е изградба на брза пруга Скопје-Солун
Подобрување на инфраструктурата, особено во делот на Коридорот 10, е една од темите на кои ќе зборуваат со…
04.09.24 16:18
Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор
Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти…
04.09.24 16:14
50 % роденденски попуст за 5 години А1
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на…
04.09.24 16:12