Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе прифати претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание

Во вечерашната тема на денот на СИТЕЛ ТВ,Артан Груби прашан за тоа на кого ДУИ ќе ги даде гласовите во вториот круг од претседателските избори, ако нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, рече дека услов за тоа е претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

,,Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и г. Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседател да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг“,рече Груби.

Груби е убеден дека ДУИ, заедно со Европскиот фронт, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share