Груби:Се чувствувам горд што сум дел од ДУИ, да го зачуваме нашето национално достоинство и прогресивната визија!

Министерот за политички систем,Артан Груби честитајќи го 22 роденден на ДУИ порача да се сочува националното достоинство за да може да продолжат демократските процеси.

,,Демократската унија за интеграција денес наполни 22 години на национална и прогресивна политичка активност, патување и предизвици со исклучителни достигнувања.

Над две децении напорна работа на секој активист и член во секој агол на земјата за да го зачуваме нашето национално достоинство, за прогресивните процеси да продолжат нa нашиот пат. Денеска, да се осврнеме на одлучувачката улога што Демократската унија за интеграција ја одигра со Охридскиот договор кој донесе еднаквост и го формализираше албанскиот национален јазик и знаме, Преспанскиот договор кој не направи дел од НАТО и Договорот за добрососедство што ни го отворија патот кон Европа.

Секогаш легитимни од народот, победниците во секој изборен циклус бидејќи причините за ДУИ и Али Ахмети биле фер и искрени.Денес, меѓу многуте активисти, се чувствувам горд што сум дел од ДУИ, што ја следам и ќе продолжам да ја следам таа јасна прогресивна и национална визија на албанскиот лидер. Со факелот што го држат бројни национални достигнувања, заедно ќе продолжиме да ги пишуваме поглавјата од следните години,,напиша на својот фејзбук профил,Груби.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share