Грковска: Процедурата за лизинг на возила е законска

Процедурата за распишаниот оглас на Владата за купување на 45 возила на лизинг е ефикасна и законска, рече вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска повторувајќи го заклучокот на Антикорупциската комисија дека процедурата е законска, како и ставот на економските експерти кои сметаат дека „тоа е најдобриот и најефикасниот начин“.

-Од претходната ДКСК имаше прилично реакции, меѓутоа откако го добивме целиот предмет кај нас, заклучокот на тогашната ДКСК беше дека целата процедура е согласно закон и тоа нас едноставно не нѐ става во ситуација да можеме да покренеме каква било процедура натаму. Колегите од економскиот тим, коишто се експерти и имаат повеќе познавања од економијата, уверуваат дека тоа е најдобриот, најефикасниот начин на којшто би требало да се ангажираат овие возила. Сум се консултирала и со одредени субјекти од стопанските комори и уверуваат во тоа дека е така и во други држави, рече Грковска.

Во врска со иницијативата на ДКСК до Владата да покрене одговорност за директорот на Фондот за иновации и целото раководство поради доделени грантови на Дрин Ахмети, вицепремиерката одговори дека го нема добиено и видено дописот.

– Не сум го добила, не сум го видела. Откако ќе го видам, можам да се произнесам. Да не се базирам само на тоа што вие ми го кажувате сега, меѓутоа денеска ќе го побарам дописот во Влада, доколку е стигнат, да го разгледам и потоа ќе се произнесам, одговори Грковска.

Поврзани објави
Total
0
Share