Граѓаните со истечени лични документи ќе може да гласаат на изборите, усвоени измените на Изборниот законик

Со 84 гласови ,,ЗА ” пратениците , по скратена постапка ги усвоија измените на Изборниот законик со што на граѓаните на кои им се истечени личните документи 9 месеци пред избори ќе може да го остварат правото на глас на претседателските и на парламентарните избори.

Целта на измените  е  да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите – сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација.

Со измените треба да се разјаснат процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.  Со преодната одредба од овој предлог се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share