Граѓаните не можат да ги покријат трошоците за храна

НИСКИ ПЛАТИ, ЦЕНИ ПОВИСОКИ ОД ЕВРОПА

Голем број на граѓани не може целосно да ја наполнат потрошувачката кошница, според оценките на надлежните институции и синдикатите. За КЛАН МАКЕДОНИЈА граѓаните велат дека цените се превисоки додека платите се мали.

“Многу скапо, многу, прашувај ваму, прашувај таму, човек не знае што да земе. Се чудам, земам пензија од 13 илјади денари, не знам што да правам, ниту за струја, за ништо не стига. Голем проблем“.

“Цените високи. Луѓето немаат, без работа, без плати, како да живееме, за нас животот стана тежок. Што да земеме најпрво,  треба облека, обувки, куќата. Платите се многу ниски“.

“Цените се некаде високи, некаде ниски, зедов малку. Со 6.000 денари излегувам да купам. Само 6.000 денари социјална помош земам. Со тие пари не можеш да преживееш, но државата го фати дното, беше прва и остана последна“.

Дел од граѓаните велат дека цените се повисоки дури и од европските земји.

“Нема што да прашате, ова е катастрофа. Цените се повисоки отколку на запад. Мора да се откажете од многу работи, да живеете поскромно, инаку цените се високи. Дури и во маркетите цените се повисоки отколку на Запад“.

„Цените не се високи, но платите се ниски, луѓето немаат пари. Со една плата не можеш да преживееш еден месец. Има скапо, но има и евтино, оној што има има пари зема  поскапо, оној што нема зема поевтино. Што се 300 евра плата, кога имаш илјада евра трошоци, струја, вода, телефон, храна, пијалоци, доктор. Животот стана проблем“.

Од Сојузот на Синдикати на Северна Македонија соопштија дека вредноста на минималната синдикална кошничка во однос на претходниот месец е зголемена за 641 денар. Во декември минатата година изнесуваше 56.522 денари, додека за јануари годинава достигна 57.163 денари. Од Синдикатот додаваат дека платите и во јавниот и во приватниот сектор мора да продолжат да се зголемуваат за да се спречи егзодус на работната сила, бидејќи за само една година земјава ја напуштиле 12.200 градежни работници, а истата состојба е и во угостителството и во туризмот./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share