Граѓаните најмалку им веруваат на Обвинителството и судството, а најмногу на Армијата, религиските институции и полицијата

Граѓаните најмалку им веруваат на Обвинителството и судството (9 отсто) и на Собранието (12 отсто), додека најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па Претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк.„Во ова мерење има мал раст на довербата во полицијата која е институција во фокусот на овој проект. Традиционално Армијата и религиозните заедници се наоѓаат на првите две места, а полицијата на четврто, но овој пат е на трето место. Потоа следат претседателот на државата, невладините организации и безбедносно разузнавачки институции. Владата е некаде на средина со 18 проценти доверба, ДКСК и народниот правобранител се со доверба од 15 и 13 отсто и на дното се Собранието, судството и Обвинителството. Има мало враќање на довербата кај Обвинителството и судството кои претходно имаа доверба од 7, односно 6 отсто“, рече Александар Стојановски од Евротинк.Нагласи дека во мерењето има доминантно изразена недоверба, освен кај првите две институции. Кај полицијата има генерално подобрување на перцепцијата на испитаниците освен во делот на работата на управните служби за издавање на лични документи.илустрацијаВИДЕТЕ И ОВА:Меѓународни критики за „спас“ на правната државаРечиси 34 проценти од испитаниците ја оценуваат достапноста на информации поврзани со вадење на документи како лоша, а скоро 40 проценти како лоша ја оценуваат работата на управните служби на полицијата кои се одговорни за издавање на документи„На прашањето дали граѓаните веруваат дека полицијата ќе ги заштити доколку нивната безбедност е загрозена, како што кажа, одговорите се речиси исти со претходните мерења и додаде дека поголем дел од нив сметаат дека ќе ги заштити“, вели Стојановски.Од Евротинк сметаат дека високата доверба на Армијата не се должи на влегувањето на земјава во НАТО.„Довербата во Армијата не би ја поврзувал со нашето влегување во НАТО. Веројатно граѓаните ја гледаат оваа институција како поголем заштитник или институција која е најимуна на влијанијата како што се партизирање, корупција, злоупотреба, инструментализација на институцијата во различни цели“, рече Стојановски.ИлустрацијаВИДЕТЕ И ОВА:Македонските компании изгубени во „навигацијата“ на НАТО пазаротАнкетата е спроведена телефонски од агенцијата „Брима“ врз репрезентативен примерок од 1001 испитаник во периодот од 31 јануари до 14 февруари годинава со маргина на грешка од 3,1 проценти во рамките на истражувањето „Перцепции и ставови на граѓаните за работата на полицијата во февруари 2024 година“.Истражувањето е направено во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата“ што се спроведува од јули 2022 година до јуни 2024 година и е подржано од Националниот фонд за демократија на Соединетите Држави.

Поврзани објави
Total
0
Share