Градот ги уништи посадените растенија во Cтуденичани, останаа без лубеници и дињи

САДИКИ: ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВОТО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ТЕРЕН ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ЖИТЕЛИТЕ

Засадиле лубеници, дињи и пиперки, но градот уништил се. Овие сведочат за невремето што ја зафати државата. Силниот ветер и град предизвикаа материјални штети во повеќе општини во земјава.

Најмногу штети има во неколку села во околината на Скопје, градот ги оштети земјоделските производи во Студеничани, Морана и Батинци. Градоначалникот на Студеничани Азем Садики бара Владата да формира комисија за обештетување на жителите.

ФБ СТАТУС, АЗЕМ САДИКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТУДЕНИЧАНИ

“Општина Студеничан испрати барање до Владата на Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство да им помогне на граѓаните оштетени од оваа елементарна непогода. Бараме и Министерството за земјоделство да испрати претставници да излезат на терен заедно со комисијата формирана од нашата општина за констатирање на штетите“.

Оштетени автомобили, искршени покриви, паднати столбови, ова се само дел од пријавоте на граѓаните во Центарот за управување со кризи. Директорот на овој центар Стојанче Ангеллов вели дека невремето било опасно, но за среќа нема повредени граѓани.

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

“Дел од Скопје, Куманово, Кратово, Старо Нагоричани, Пробиштип, Карбинци и Струмица беа зафатени од лошото време. На сите овие места има штети што граѓаните ги пријавиле на бројот 112. На територијата на Скопје досега сме имале над 60 пријави, кои главно се однесуваат на паднати дрва што предизвикале оштетувања на повеќе автомобили. Има бандери кои паднале, некои жители останаа без струја, некои покриви паднаа. Невремето беше опасно, но за среќа нема повредени граѓани.“

И регионот го зафати силно невреме кое предизвика големи материјални штети но и загуби на  човечки животи./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share