Готово: Тотенхем ја прифати понудата на Баерн, Кејн мора да одлучи за трансфер

Баерн Минхен постигна договор со Тотенхем за ангажирање на 30-годишниот напаѓач Хари Кејн, велат извори во Германија, а пренесува „Атлетик“.

Понудата од страна на германскиот шампион, за која се верува дека вреди повеќе од 100 милиони евра беше прифатена од премиерлигашкиот клуб.

Англискиот репрезентативец сега мора да одлучи дали навистина посакува во новата сезона да игра за Баерн.

Кејн сакаше да се реши ситуацијата пред почетокот на сезоната на Тотенхем во Брентфорд во недела. Кејн е во последните 12 месеци од договорот и Тотенхем сака да го задржи со нови услови.

Засега нема напредок во тоа, што го натера клубот да размисли да го продаде својот играч во тековниот преоден рок наместо да ризикува да го загуби како слободен играч следното лето.

Поврзани објави
Total
0
Share