Гордана Силјановска Давкова на митинг во Радовиш

Кандидатот за птетседател Силјановска Давкова му порача на Пендаровски дека тој не можел да ја види заради реките народ кога била долу, а кога била на говорница не сакал да ја слуша затоа што кажувала сè што тој не смеел да каже

„Стево Пендаровски секој ден тврди дека ме немало никаде и дека ме заменил господинот Христијан Мицкоски. Знаете ли зошто не може да ме види? Заради реките народ кога сум долу, а кога сум горе, тука на говорницата, не сака да ме види затоа што не сака да ме слуша оти сè што тој не кажува, јас кажувам, сè што тој не направил, бидете сигурни, дека ќе направам. Веројатно забележувате дека мојот противкандидат, господинот Стево Пендаровски, делува како да не е тој туку како да има двојник. Човекот кој што до вчера беше потонат во љубов кон соседите, сега сосема директно почнува од фатална вљубеност, изразена на господинот Бојко Борисов, да употребува говор кој не шири добрососедство, апсолутно не личи на тоа, и тоа е нешто што навистина мене ме плаши. Можете да замислите до што може да доведе тоа? Тоа се вика немање став, тоа се вика немање дигнитет, тоа се вика отсуство на интегритет. Од такви луѓе не можете да очекувате да ги штитат гордоста, односно националните интереси на Македонија”,порача Силјановска.

Поврзани објави
Total
0
Share