Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57