Главчев со нова порака до Северна Македонија: Ако некој сака да влезе во ЕУ, мора да ги следи правилата

Ако некој сака да се приклучи, мора да ги почитува правилата“. Ова им порачал на новинарите вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи на Бугарија, Димитар Главчев, кој одговарал на прашања поврзани со ситуацијата во Македонија и настаните по изборите.

-Нашиот став е конзистентен. Немам што друго да додадам освен она што сум го споделил во други прилики. Правилата важат за сите потенцијални членови на која било организација. Тука, секако, зборуваме за Европската Унија. Кој сака да стане членка на Европската унија мора да ги почитува барањата на другите земји-членки. Тоа е ставот, рекол бугарскиот в.д. премиер.

лавчев потсетил дека од 1 август 2017 година е склучен Договорот за добрососедство и дека „доследни се во поддршката за европската перспектива на РС Македонија“.

-Не само нејзината, туку и на сите земји од Западен Балкан. Условот останува ист, доколку некој сака да се приклучи мора да ги почитува правилата, додал Главчев.

Со свој став излезе и шефот на бугарската држава, Румен Радев.

-Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Македонија, нема да се ревидира, истакна бугарскиот претседател.

Тој нагласи и дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за добрососедство од 2017 година, како и со другите меѓународни договори кои Македонија ги потпиша.

Поврзани објави
Total
0
Share