Ги знам сите судии и обвинители, се дружам, пиеме кафе, но за предмети не зборуваме, тврди Иџет Мемети

Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил, тврди заменик претседателот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети во изјава за медиумите откако Кривичниот суд по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција му определи мерки за претпазливост, односно му го одзеде пасошот како вмешан во случајот со судијата Наке Георгиев кој се сомничи дека зел 10 илјади евра за да обезбеди олеснителни околности за обвинет.Георгиев беше фатен како зема 10 илјади евра од синот на поранешниот градоначалник Боро Стојчев, бидејќи му ветувал дека ќе му заврши работа за предметот „Чибук“, во којшто е обвинет поранешниот градоначалник на Ново Село. Мемети пак не бил на местото, но наводно бил гаранција дека ќе влијае на обвинителот кој го водел случајот.

Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил, изјави Мемети.Тој тврди дека Стојчев не го познава, а прашан за релациите со првоосомничениот во случајот, судијата Наке Георгиев, тој одговори:-Ги знам јас сите, и обвинители и судии, и се дружам, разговараме, пиеме кафе, едно-друго, рече Мемети, но тврди дека не разговарале за предмети.Претходно, Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Поврзани објави
Total
0
Share