Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е во корист на сите нас

Придржувајќи се на честитките по повод четвртата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, Гир ја пофали земјава за, како што кажа, нејзиното стопроцентно продолжено усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, а во контекст на нејзиното лидерство и примерот што го дава во однос на Украина

Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на Европската Унија дали затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Унијата. Ниту едно од овие тврдења не е точно, рече денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир на настанот на Министерството за надворешни работи со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО.

„Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив“,рече Гир.

Говорејќи во таа насока, евроамбасадрот Гир кажа оти го споделува мислењето дека патот кон Европската Унија е пат на просперитет, зајакнување на демократските вредности, владеењето на правото, но и и пат на стабилност.

„Тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас. И од овие причини ја потткнуваме Северна Македоинија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија. Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските коишто ги презеде во јули 2022 година по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг-процесот како и имплементацијата на реформите кои беа утвредени во текот на овој процес, вклучително и тие коишто се набројани во новиот план за раст и реформи на Европската Унија“,посочи Гир.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share