Германската ЦДУ со опомена до Силјановска-Давкова и сестринската ВМРО-ДПМНЕ: Повторно разгорување на спорот со името е опасно

Директни осуди на одлуката на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова да не го употреби уставното име при давањето заклетва во Собранието дојдоа и од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Германија, пренесува „Дојче вече“.

Пратеникот на опозициските демохристијани во Бундестагот, Јирген Харт, кој е и член на комитетот за надворешни работи на германскиот парламент вели дека Брисел и мора да им испрати јасна порака на новоизбраната претседателка Силјановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат беше таа на изборите, дека таквата политика нема да се толерира.

,,Повторното разгорување на спорот за името на Северна Македонија е целосно непотребно и опасно. Новата претседателка на Северна Македонија, Силјановска Давкова на својата функција е исто толку обврзана да го почитува компромисот меѓу Северна Македонија и Грција, колку што беше и нејзиниот претходник“,вели Харт.

Поврзани објави
Total
0
Share