Гервала: Уште една војна на Балканот би била многу добредојдена за Русија

Косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц, истакна дека Русија може да ги запали тензиите на Балканот и да создаде нова војна за растурање на Западот доколку победи во војната со Украина.Косовскиот главен дипломат предупреди за „NatSec Daily“ дека територијалните амбиции на рускиот претседател Владимир Путин не запираат на украинската граница – и дека победата на Украина против Русија со години ќе обезбеди стабилност на вознемирениот Балкан, пренесе РТК.

Стратегијата на Путин е да го држи Западот расеан со разни конфликти. Значи, уште една војна на Балканот би била многу добредојдена за Русија“, нагласи таа, додавајќи дека особено Косово е примамлива цел за Путин, бидејќи просперитетот на земјата го поткопува неговиот аргумент дека Западот не може да им помогне на земјите од поранешниот источен блок.„Путин зборува за Косово секоја недела… Тоа нема никаква врска со геополитичката важност на Косово, туку има врска со фактот дека Косово е успешна приказна на Западот, успешна приказна на Соединетите Американски Држави. тоа е успешна приказна на НАТО, успешна приказна на западноевропските земји“, нагласи Гервала-Шварц, за „NatSec Daily“.

Предупредувањето на Гервала-Шварц доаѓа откако другите европски нации блиски до Русија јавно ја изразија својата загриженост за зголемената агресија на Путин кон нејзините соседи. Минатата недела Шведска рече дека Путин гледа на стратешки важниот балтички остров Готланд.Финскиот премиер Петри Орпо предупреди дека Русија веќе ги напаѓа соседите користејќи хибридна тактика. И Европската унија, исто така, ја осуди Русија за отстранување на бовите што ја дефинираат нејзината речна граница со Естонија.

Поврзани објави
Total
0
Share