ГЕРБ на Борисов води на изборите во Бугарија

Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, според излезната анкета на Галуп Интернешнл, освоила 26,7% од резултатите на денешните избори во Бугарија.Според информациите, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов има 15,5 отсто од гласовите додека Движењето за права и слободи (ДПС), предводено од Делјан Пеевски има 15,1%. А пак „Преродба“ освоила 14,7%, БСП – 9,8%, а „Има таков народ“ – 6,4%.

Одѕивот на гласачите бил 26,4%.Никој не постигнува успех без да ја признае помошта од другите. Со благодарност самоуверено ја признаваме оваа помош, порача лидерот на ГЕРБ-СДС Бојко Борисов по објавувањето на првите изборни резултати од излезните анкети.„Ви благодариме на сите што нè поддржавте“, напиша и Борисов на социјалните мрежи.Бугарите денеска паралелно гласаат и за свои претставници во Европскиот парламент.

Поврзани објави
Total
0
Share