Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Со 84 гласови „за“ од 193 членки на Генералното Собрание беше усвоена Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници.

Српскиот претседател Вучиќ повика да не биде усвоена зошто нема да придонесе кон помирување во Босна и Херцеговина и во регион.

Резолуцијата, чии предлагачи беа Германија и Руанда, го осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници.Токму претставничката на Германија во ОН, Антје Линдертс, ја отвори денешната седница на Генералното Собрание во ОН на тој начин што започна да го образложува текстот на резолуцијата, порачувајќи дека пред речиси 30 години во Сребреница систематски биле егзекутирани повеќе од 8.000 луѓе, а се започнало на 11 јули 1995 година и траело неколку дена.„Дури и фактот дека тоа беше заштитена зона на ОН не го спречи злосторството. Овој чин на геноцид доведе до трагична смрт на жртвите и до невидено страдање за преживеаните. За оваа резолуција се шират лажни тврдења. Таа не е насочена против никого. Не е ниту против Србија, вредна членка на оваа организација. Таа е насочена само кон извршителите на геноцидот“, рече германскиот претставник во ОН.Таа нагласи дека и Црна Гора доставила амандмани на резолуцијата со кои се нагласува дека одговорноста е индивидуализирана и не може да биде насочена против ниту една заедница.За Резолуцијата гласаа 84 членки, меѓу кои и Северна Македонија, против беа 19, а 68 беа воздржани.

Поврзани објави
Total
0
Share