Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието тоа да биде во служба на сите граѓани

,,Им благодарам на сите граѓани што гласаа на изборите и на сите пратеници што ме поддржаа. Лично ќе се погрижам Собранието да го подигнам на повисоко ниво, да биде во служба на сите граѓани, “изјави Гаши.

Тој најави соработка со, како што рече, сите политички партии.

Најбитно е да ги зацврстиме инститиуциите, да зрееме како држава и како институиции, потенцира Гаши.Африм Гаши беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само шест пратеници.Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието.За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.

Поврзани објави
Total
0
Share