Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на последното Централно собрание на партијата поднел оставка за да може да биде кандидиран за претседател на Собранието, информираа од партијата.

,,Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата.Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива“, стои во соопштението на Алтернатива.

Поврзани објави
Total
0
Share