Косовската претседателка Вјоса Османи отпатува синоќа за САД, за да го претставува Косово во Советот за безбедност на Обединетите нации, на седницата што ќе се одржи в понеделник, на 22 април.Како што соопшти Кабинетот на косовската претседателка, се очекува Османи на седницата на СБ на ОН да зборува за напредокот, спроведувањето на реформите, човековите права, демократијата, владеењето на правото и други теми од важност за Косово.„Претседателката ќе зборува и за потребата од правда за злосторствата извршени од Србија во Косово“, се вели во соопштението.За време на престојот во Њујорк, Османи, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „се очекува да се сретне и да се координира со некои од постојаните претставници на пријателските земји во Обединетите нации“.Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се одржи во понеделник во 16 часот по средноевропско време, односно во 10 часот според њујоршко време.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35